| четврток, 6 декември 2018 |

Помилуван затвореник му се вратил на „занаетот“: Провалил во месарница во Кисела Вода, па заспал под касата

Крадец кој и бил познат на скопската полиција, а имал издржано и затворски казни, се вратил на стариот занает. Тој ноќта вторникот кон средата се обидел да ограби месарница во Расадник во Кисела Вода.

Криминалецот влегол во објектот, а кога стасал до касата се сокрил, но најверојатно зашеметен од алкохол, заспал под касата. Дури и алармот во месарницата кој се активирал не успеал да го разбуди. Патролата од агенцијата која го обезбедува објектот го пронашла крадецот како спие до касата, по што случајот го преземала скопската полиција, на која крадецот и бил познат.

По легитимирањето и проверката на неговиот индентитет, полицијата констатирала дека тој бил извршител на повеќе кривични дела кражби, тешки кражби и разбојништа, за што одлежал казна во Идризово. Во јануари годинава, тој бил помилуван и пуштен на слобода.

(фото – илустрација)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top