Професорката Гордана Силјановска Давкова во вечерашното гостување на Телма изјави дека се чувствува засрамено поради начинот на кој е изгласан Законот за употреба на јазиците при што не биле почитувани процедурите.
-Процедурата е гаранција за демократијата. Првото прекршување е уште на почетокот на процеспот, владата го испраќа предлог закон со европско знаменце, а за тоа мора да се наведе која европска директива со која се усогласува законот. Џафери требаше да го врати законот на влада поради европското знаменце на него. Требаше да се тргне европското знаме од него,затоа што тоа е важно за земји кандидати за да не се злоупотребува – рече Силјановска Давкова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.