| четврток, 6 декември 2018 |

Дескоски: Република Македонија (Скопје) има најголема шанса на референдум

Според универзитетскиот професор Тони Дескоски, кој ја застапуваше Македонија пред Судот за правда во Хаг кога Македонија ја тужеше и доби Грција за нарушување на Привремената спогодба, најприфатлив компромис е Република Македонија (Скопје).

– На тој начин ќе се постигне јасна дистинкција меѓу македонската држава со географска одреденица според нејзиниот главен град и грчката северна покраина наречена Македонија за да се стави крај на тврдењата за било какви тврдења за територијални претензии кои секако се неосновани – изјави професорот Дескоски во интервју за емисијата „Фактор магазин“ емитувана на ТВ 24.

Фактор магазин е проект на порталот Фактор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top