| четврток, 6 декември 2018 |

Лацио, Лајпциг и Марсеј обезбедија пласман во следната рунда од ЛЕ

Италијанскиот калчолигаш Лацио го совлада Динамо Киев на гости со 0-2 и обезбеди пласман во следната рунда од Лигата на Европа, иако во Рим одигра само 2-2. Лукаш Леива и Фелипе Каиседо беа стрелци на головите за „лацијалите“.

Олимпик Марсеј исто така е во следната рунда, со оглед дека и во реваншот во Шпанија славеше над Атлетик Билбао со 1-2. Пајет од пенал и Окампос донесоа триумф за францускиот тим.
Лајпциг ремизираше (1-1) на гости против Зенит и благодарејќи на триумфот од 2-1 на првиот меч оди понатаму. Аугустин во 22.минута гонесе предност за Лајпциг, Дриуси израмни на самиот истек на првиот дел, но немаше голови во второто полувреме, па германскиот бундеслигаш се радуваше.
Се играат продолженија во Чешка, каде Плзен ја анулира негативата од 2-0 во однос на Спортинг Лисабон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top