Пратеничката на СДСМ, Славица Шуманска – Митева, вели дека зад синоќешното инцидент, каде беше запален нејзиниот автомобил, стојат вандали охрабрени од вчерашното однесување на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието.
– Слушнавме тресок и излеговме надвор, автомобилот гореше, а по улицата имаше линија од пламен, онаму каде бил истурен бензин и запален. Штетата не е целосна затоа што сопругот успеа да го изгаси пожарот на време. Имавме среќа што не спиевме, да спиевме колата ќе експлодираше, изјавила пратеничката за „Фокус“.
Вели дека добивала и заканувачки пораки, но не верувала дека ќе дојде до ова.
-Имаше закани по пораки, ама ни на сон не верував дека ќе се случи вакво нешто. Очигледно имаат храброст, ама не им се плашам. До сега се така функционираше, но ова е кукавички чин, не е во ред да прават вака среде ноќ. Ова е чист вандализам – додава таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст