Во јуни 2015. година, киднапиран бил Маркус Вирт, син на богатиот индустријалец Рајхолд Вирт, сопственик на истоимената компанија за производство на шрафови. Бараниот откуп не бил платен, но синот на милијардерот ден по киднапирањето бил пронајден врзан за дрво. По интензивната потрага, која траела три години, полицијата во Офенбах уапсила 48-годишен државјанин на Србија, кој е осомничен за киднапирање поради уцена и се наоѓа во притвор, пренесува “n-tv.de”.
Ментално заостанатиот тогаш 50-годишен син на милијардерот од Баден-Виртемберг бил киднапиран на 17. јуни 2015. година во Шлиц, каде живеел во интегративна установа за ментално заостанати лица. Кратко потоа, киднаперите се јавиле во седиштето на компанијата “Вирт” во местото Кинцелзау, кај Хајлброн, и барале откуп во износ од неколку милиони евра. Вирт и неговата сопруга во тоа време биле на службен пат во Грција.
До примопредавање на пари не дошло, а само ден по киднапирањето, Маркус Вирт бил пронајден на врзан на дрво во шума во Вирцберг. Не бил повреден.
Пред една година започнала јавна потрага по извршителот. Кон крајот на април 2017. година, спектакуларниот криминалистички случај бил претставен во емисија која се занимава со нерешени случаи, во која јавноста е известена дека извршителот потекнува од поранешна Југославија и дека зборува со нагласен акцент.
На основа на снимките од неговиот глас, инспекторите направиле детален профил на извршителот, според кој е маж, на возраст од 40-52 години, а германскиот јазик веројатно го научил во регионот Рајна-Мајна, каде работел и живеел. Се претпоставува дека потекнува од Санџак.
На инспекторите уште нешто им паднало во очи: Киднаперот бил многу љубезен и често го употребувал зборот “молам”. Поради тоа претпоставиле дека се занимава со работа во која често е во контакт со други луѓе, на пример, дека е возач, курир или дека работи во угостителство.
Покрај гласот, полицијата ги анализирала и податоците од мобилниот телефон и така добила слика за движењето на осомничениот. Според сознанијата на инспекторите, киднаперот дополнувал кредит на телефонот на различни места, а на денот на киднапирањето купил нов број во супермаркет во Вирцбург-Еслинген. Во близина на тоа место бил пронајден и синот на индустријалецот. Специјалната комисија за решавање на овој случај била распуштена во 2015. година, но истрагата продолжила. Маркус Вирт сега живее на друго место, кое се чува во тајност.
Осомничениот по апсењето бил сослушан во седиштето на полицијата во Источен Хесен, но не е објавено дали се изјаснил по обвиненијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст