Ние, православниот народ од Повардарската епархија, згрозени сме од вчерашниот срам и беззаконие, како и од отвореното насилство врз демократијата што ни го приредија господинот Талат Џафери и неговите истомисленици при донесувањето на разбојничкиот закон за двојазичност, пишува владиката Агатангел во врска со вчерашното изгласување на законот за употреба на јазиците
„Иако ваквиот башибозук можевме да го насетиме и го очекуваме од г. Џафери, како директен учесник во приредувањето на теророт врз невиното неалбанско население во северозападна Македонија, сепак, верувавме во разумноста и општествената одговорност на нашите преставници во Законодавниот дом на нашата татковина. Затоа, отворено сакаме да истакнеме дека пратениците кои го изгласаа овој недемократски закон, кој директно ги поткопува основните темели на државноста, го руши унитарниот и уставниот поредок и го загрозува опстојувањето на Р. Македонија, не можеме да ги сметаме за наши ополномоштени претставници и заштитници на нашите општествени и политички интереси“, пишува владиката Агатангел.
Овој закон, додава тој, во ниту еден случај не го унапредува квалитетот на животот во нашето општество и води кон поделби, недоверба и продлабочување на разликите меѓу народите кои живеат во Р. Македонија.
„Оние кои го поддржаа овој неуставен закон ќе останат запаметени во нашето сеќавање како сејачи на чемер и јад во срцата на чистите и чесни жители на нашата татковина. Непочитта кон нас, како нивни избирачи, вечно ќе ја паметиме и ќе ја укажуваме на идните генерации, како лош пример за предавство и лицемерие. Нема да ги мразиме ниту да ги осудуваме, туку ќе се надеваме на нивно брзо преумување и вразумување“, пишува владиката.
Тој додава дека целосно го поддржува претседателот Ѓорѓе Иванов во намерата да не го потпишува указот за овој, како што вели, антидржавен и неуставен закон кој беше донесен на вандалски и нецивилизиран начин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст