Стјуардесата на авио-компанијата “Emirates” била префрлена во болница во Уганда откако паднала од вратата за евакуација на паркираниот “Boeing 777” на Меѓународниот аеродром Ентебе.
Администрацијата за цивилна авијација во Уганда соопштила дека инцидентот се случил вчера на главниот аеродром во оваа земја.
Компанијата објавила дека стјуардесата “за жал паднала низ отворената врата додека ги подготвувала патниците за лет од Ентебе”.
-Ја даваме сета можна поддршка за неа и целиот екипаж и нудиме полна соработка со властите во текот на истрагата, се наведува во соопштението.
Некои медиумите пишуваат дека стјуардесата, инаку по потекло од Бугарија, извршила самоубиство, меѓутоа компанијата ги негирала тие наводи, и рекла дека жената е пренесена во болница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст