| четврток, 6 декември 2018 |

Во која дупка ќе се скрие: Ќе си даде ли Павле Богоевски, шарениот функционер, оставка после ова?!

-Доколку некој ми покаже видео, или автентичен цитат каде Зоран Заев вели дека ќе воведе двојазичност и ќе го промени Уставот, или дека ќе ја федерализира Македонија (како што Груевски тврди), јас ќе се повлечам од кандидатурата уште сега – напиша сегашниот пратеник од така наречената “шарена револуција” Павле Богоевски во пресрет на парламентарните избори во 2016 година.

Дали откако двојазичноста преку донесувањето на Законот за употреба на јазиците, се донесе вчера, Богоевски кој го поддржа Законот, ќе даде оставка од пратеничката функција?!

За разлика од него пет пратеници од редовите на собраниското мнозинство предводено од СДСМ не гласаа за овој Закон.

Заборави ли Богоевски дека тврдеше оти потекнува од самонаречената “коалиција со граѓаните” и самиот не е дел од СДСМ?!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top