| четврток, 6 декември 2018 |

Туфегџиќ не одговара зошто не гласаше за двојазичност (фото)

Цел ден нема ни трага ни глас од пратеничката на СДСМ Ивана Туфегџиќ, која вчера беше една од ретките пратеници од владејачкото мнозинство кои не гласаа за законот за двојазичност.

Откако Зијадин Села и Ферид Мухиќ од нешто се уплашија и ги сменија исказите па рекоа дека всушност и тие гласале „За“ законот, иако стенограмот регистрира дека не гласале, Тугегџиќ целосно недостапна за коментар за медиумите.

„Република“ од утринава се обидува да стапи во контакт со младата пратеничка на СДСМ, но таа не одговара на СМС пораките и телефонските повици.

Што се случува со младата пратеничка? Дали можеби се противи на законот за јазиците како и менторот на шарената револуција Владимир Милчин? Или пак можеби и таа како Мухиќ и Села се премислува? Се прашањата кои ќе останат неодговорени за јавноста.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top