| четврток, 6 декември 2018 |

Кендал ја искористи насловната на „Вог“ за конечно да открие дали е геј (Фото)

Иако има само 22 години, Кендал Џенер веќе е ријалити ѕвезда, успешна манекенка со милиони долари на банкарската сметка, а нејзиното убаво лице е едно најбараните во модниот свет, како на пистите, така и на насловните страници.
Атрактивната бринета сега блесна со папагал на своето рамо на уште една насловна на американскиот магазин „Вог“ со наслов: „Навистина немам што да кријам“.

Не сум како моите сестри

Кендал конечно признала дека е во врска со кошаркарот нa НБА Блејк Грифин и дека не е геј како што со години се шпекулира во светот на славните ѕвезди. Исто така, Кендал открила дека сака да го роди првото дете на 28-29—годишна возраст.

– Приказните дека сум лезбијка започнаа затоа што јас не сум како моите сестри кои живеат во стилот „ова сум јас и моето момче“. Поради тоа што не се појавував во јавноста со моите момчиња, секако дека почнаа да зборуваат за тоа. Но, јас секогаш бев внимателна со моите момчиња и се криев, иако не сакам да изгледам налудничаво – открила Кендал на која ова и било едно од најискрените интервјуа досега.

„Мислам дека немам хомосексуална или бисексуална црта во своето тело, но кој знае. Јас сум секогаш подготвена за нови искуства, но иако немам ништо против тоа, никогаш такво нешто не сум го испробала“, заклучила манекенката која за Блејк прво рекла дека е „пријател“, а потоа признала дека е среќна и дека е убаво да се има некого кој те сака во своја близина.

„Да сум геј, не би го криела тоа“, додала манекенката на крајот и открила дека во 2017 година конечно одлучила да забави со својата работа и да почне да размислува за себе, а не само за тоа што нејзините агенти го бараат од неа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top