„Одбројување“ на Фросина Пармаковска во издание на „Или-или“ е прогласен за „Роман на годината“ за 2017 година, која ја доделува Фондацијата „Славко Јаневски“ како наследство на истоимената награда што претходните 18 години ја доделуваше „Утрински весник“.
Со тоа Пармаковска стана четвртиот добитник од „Или-Или“, по „Единаесет жени“ на Снежана Младеновска Анѓелков (2011), „Телото во кое треба да се живее“ на Петар Андоновски (2015) и „Собирачи на пепел“ на Давор Стојановски (2016).
Денеска, во просториите на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, беше објавен изборот за „Роман на годината“. Одлуката ја донесе жири-комисијата во состав: Давор Стојановски, писател и минатогодишен лауреат, Ристо Лазаров, писател, Иван Додовски, писател и професор на Универзитетот Американ колеџ од Скопје, Анета Дучевска, професор и декан на Филолошкиот факултет „Блаже Коневски“, и Катерина Богоева, новинар и член на Фондацијата „Славко Јаневски“.
Според образложението на жирито, романот „Одбројување“ претставува ненаметливо раскажана потресна семејна драма од современото скопско секојдневие.
– Приказната е структурирана во три дела, каде низ постојани флешбекови на внатрешен монолог, неименуваната нараторка, која е и централен протагонист во делото, ни ја открива незавидната положба – заглавена со својот бесправедно љубоморен, параноичен маж со очигледно душевно нарушување, кое никој од блиското семејство не сака да го прифати или препознае, се наведува, меѓу другото, во обрзложението на членовите на жирито.
На конкурсот на пристигнаа 27 романи, а финалисти на наградата беа и романите „Апокалипса.мк“ на Бранко Прља, издание на „Готен“, и „Диссомнии“ на Игор Станојоски, издание на „Антолог“.
Пармаковска и се заблагодари на фондацијата „Славко Јаневски“ што, како што рече, ја спаси оваа награда и ја продолжи традицијата на нејзино организирање и доделување.
– Сакам да се заблагодарам на жири-комисијата што му ја даде довербата на „Одбројување“ да ја носи оваа награда и искрено се надевам дека и читателите во романот ќе го најдат она што го нашло жири-комисијата – изјави Пармаковска.
„Одбројување“ е трет роман на Пармаковска која дипломирала на катедрата за Општа и компаративна книжевност, а магистрирала на Културолошките студии при Институт за македонска литература. Таа е авторка и на романите „Пишувајќи ги изгубените топки“ и „Вишнова хроника“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст