Обединета Македонска Дијаспора (ОМД) најостро го осудува неуставното и собраниското отстапување од деловникот при донесување на законот за јазици, и притоа повикува на поништување на истото. Воедно, ОМД ги повикува политичките субјекти кои се произнесоа против законот за употреба на јазиците, да поднесат собраниска иницијатива за импичмент на и така незаконски избраниот Претседател на Собранието, Талат Џафери.
ОМД ја информира јавноста дека од 14ти Март 2018та година, ги прекинува сите комуникации со сегашната влада на Република Македонија и пратениците кои гласаа за законот за употреба на јазиците, и јавно се оградува од било каква идна соработка со оваа владина структура која наместо да ги штити, штети на националните интереси и ја загрозува унитарноста на државата.
Денес, пратениците на СДСМ, слепо водени од партиските интереси, заборавија дека се избрани да го бранат демократското уредување и Уставот на Република Македонија. Заборавија дека Парламентот е гранка од системот што служи за демократска дебата и каде се спречуваат, а не креираат противуставни закони. Заборавија дека се Македонци. Денеска овие пратеници свесно згазија врз идеалите на Илинден и АСНОМ и сите жртви положени за независна Република Македонија.
Во овие моменти политичко замајување е излишно. Се лицитираа Македонските интереси и разорување на унитарноста на државата, иако во Република Македонија малцинствата веќе уживаат едни од највисоките човекови права и употреба на јазици во Европа. Зоран Заев, како и сите останати политички субјекти од оваа влада повеќе немаат интегритет и ингеренции да ја водат државата под овие услови. Наместо да ја извадат државата од политичка криза, истите ја втурнаа во подлабока, по кој основ, ОМД бара итна оставка на Премиерот и владата на Република Македонија, како и распишување на предвремени парламентарни избори.
ОМД ги повикува сите институции во државата согласно своите надлежности веднаш да застанат во одбрана на унитарноста, сувереноста и уставноста на Република Македонија. ОМД ја поздравува правовремената реакција на Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, да не го потпишува овој закон, и го повикува да ги искористи сите средства во одбрана на Македонските национални интереси. Го повикуваме Македонскиот народ во државата да го искористи своето демократско право на мирен протест како начин за искажување на незадоволство кон политиките на владата и Парламентот на Република Македонија.
Неминовно, ОМД го повикува Уставниот Суд на Република Македонија во најкраток можен рок да се произнесе по основ законот за употреба на јазиците, чија Собраниска постапка преку оневозможување на јавна расправа по повод поднесените амандмани го прекрши Уставот на Република Македонија. Согласно случувањата кои претставуваат преседан во основите на демократијата, ОМД апелира на истрага при која сите вклучени во денешното газење на Уставот ќе одговараат кривично пред законот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст