На автопатот кој поминува низ Грделичката Клисура во Србија, чијашто изградба сеуште е во тек, вчера се сруши потпорниот ѕид. Ова е втор ваков случај на коридорот 10 кој што се гради во Србија.
Потпорниот ѕид е срушен на јужниот крак на Коридорот 10 во Србија, на делницата Предејане – Царчина долина Лот 2, а како што пренесуваат српските медиуми, сеуште не е позната причината за тоа.
– Дошло до дестабилизација на мал дел на заштитата со косина 6. Стручната јавност е сложна со ставот дека овој дел од Коридорот 10 кој поминува низ Грделичката клисура за градежниците претставува голем предизвик и е исклучително тежок терен за изградба, велат од „Путеви Србија“.
Ова е втор случај на рушење на поторен џид на Коридорот 10. Минатаата година на делницата помеѓу Џеп и Предејане прво пукна потпорниот зид, а потоа целосно се сруши.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст