Силни полициски сили од вчера попладне ги обезбедуваат домовите на пратениците на СДСМ кои гласаа за законот за двојазичност, дознава „Република“.
Полицијата е стационирана во главно пред домовите на пратениците од внатрешноста, а полициските кордони се поставени пред домовите на пратениците поради страв дека незадоволни граѓани ќе протестираат пред нивните куќе. Како што дознаваме, голем дел од нив, воопшто се немаат вратено во нивните градови.
Од МВР не откриваат која е потребата да се распоредат полициски сили на овие локации и дали власта во овој момент се плаши од реакциите на граѓаните.
Инаку, синоќа било запалено возилото на пратеничката на СДСМ од Виница, Славиц Шуманска – Митева
Ова се пратениците кои вчера гласаа за овој закон кој од експертската јавност е оценет како неуставен а беше донесен со кршење на законските и деловничките правила.
Црно на бело: Сите пратеници што гласаа ЗА двојазичност во Македонија (комплетни собраниски списоци)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст