Шест лица се здобиле со полесни повреди во пет од вкупно осум сообраќајки случени во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје, а во три била причинета материјална штета.
Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Единаесет возачи се движеле со брзина поголема од дозволената и еден возач поминал на крстосница на црвено. Санкционирани биле и шест пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин и тројца пешаци кои поминале коловоз на црвено светло.
Од сообраќај биле исклучени тројца возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, пет возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и тројца возачи почетници, како и 10 нерегистрирани возила. Затекнати биле 59 непрописно паркирани возила. Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 62 возила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст