Народна банка на Македонија ја намали каматната стапка на благајничките записи за 0,25 процентни поени, со што таа сега е на ниво од 3 отсто. Во носењето на оваа одлука од централната банка се раководеле од фактот што економските основи и натаму се здрави, без присуство на нерамнотежи.
Утврдено е натамошно стабилизирање на довербата и очекувањата на економските субјекти, видливо преку поволните движења на девизниот пазар и постепеното забрзување на депозитниот раст, а последните оценки се дека и надворешното опкружување е подобро од очекуваното, и со тоа има подобар амбиент и помали ризици врз домашната економија.
Од НБМ велат дека за првиот квартал од годината, податоците за индустријата и трговијата сигнализираат подобрување на состојбата на домашната економија. Инфлацијата е малку пониска од проекциите.
Каматата на благајничките записи всушност е репер врз основа на кој се пресметуваат сите останати камати, и на кредитите и на депозитите во домашните банки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


