| четврток, 6 декември 2018 |

Бошњаковски тврди: Нема генерален недостиг на лекови во аптеките

Не станува збор за генерален неостиг на лекови во аптеките, туку се работи за недостиг во одреден број аптеки поради сезонски ефект. Тоа е објанувањето на експертите, рече портпаролот на Владата Миле Бошњаковски одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција на Владата во врска со тврдењата за недостиг на лекови во аптеките по 10-ти во месецот.

Во одреден период од годината, потенцира Бошњакоски, побарувачката на одредени лекови е поголема од очекуваното, како што е оваа година.

– Тоа е тој ефект што се случува, рече владиниот портпарол, а за подетални информации упати на Фондот за здравствено осигурување ФЗОМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top