| четврток, 6 декември 2018 |

Малолетници донеле бебе во полициската станица Бит Пазар – тврделе дека е запуштено од родителите

Двајца малолетници донеле новороденче во полициската станица во Бит Пазар, за кое тврделе дека е запуштено од неговите родители, информираа од МВР.

Според полицијата, пред три дена околу 23.55 часот во Полициската станица Бит Пазар дошле две малолетни лица на возраст од 16 и 17 години кои донеле новороденче родено 04.03.2018 година, а кое не било пријавено во евиденциите на Матичната книга на родените. Тие изјавиле дека бебето било запуштено и било без грижа од родителите М.Ш. и К.Н. Од страна на полициски службеник бил извршен разговор со родителите, а новороденото бебе било предадено на социјален работник од Јавната установа-Меѓуопштински центар за социјална работа Скопје.

По целосно расчистување и документирање на настанот, против родителите ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top