
Судијката Лидија Тимчевска е назначена за вршител на должност Претседател на Апелацискиот суд во Скопје, откако актуелната претседателка Лилјана Шопова замина во пензија.
Судскиот совет денеска требаше официјално да избере шеф на овој суд, но одлучи дека вонредно ќе ги оценува пријавените кандидати бидејќи оценувањето врз кое се базираше изборот е од 2015 и 2016 година. Сега кандидатите дополнително ќе бидат тестирани.
На конкурсот за шеф на Апелација има четири кандидати од Основен суд Скопје1. Токму тие беа причината за вонредно оценување со објаснување на дел од членовите на Судскиот совет дека можеби нивните оценки се нереални со оглед на злоупотребите во Кривичниот суд во тој период или рачната распределба на случаи и манипулацијата со АКМИС системот.
Членовите на Советот одлучија јавноста да биде отстранета од седницата кога ќе се зборува за извештајот за злоупотребите со АКМИСОТ во Основниот суд Скопје 1 и во Врховниот суд, како и за иницијативата за разрешување на пет врховни судии меѓу кои и претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски, со чија одлука беше ослободен од притвор избеганиот бизнисмен Сеат Кочан, обвинет од СЈО во случајот „Труст“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


