| четврток, 6 декември 2018 |

Амди Бајрам: Не се согласувам со протестите пред Собрание

Пратеникот Амди Бајрам изјави дека не се согласува со протестите пред Собранието.

Бајрам вели дека денеска ќе гласа за уставно-неуставниот закон за јазиците, зашто треба да биде изгласан.

„Не се согласувам со тие што протестираат, ако не сега следен пат ќе го изгласаме законот“, вели Амди Бајрам.

Законот за употреба на јазиците е во трето читање во Собранието, а од ВМРО-ДПМНЕ поднесоа 35.569 амандмани со образложение дека законот е неуставен и треба да се повлече.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top