
Посетата на министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас на Македонија, која се очекува идната недела, е чекор напред во придвижување кон конечното решавање на спорот, изјави денеска портпаролот на Владата Миле Бошњаковски.
Според владините информации точниот датум на доаѓањето на Коѕијас во Скопје сѐ уште не е утврден.
Запрашан во врска со изјавата на премиерот Зоран Заев дадена за време на вчерашната прес-конференција со американскиот помошник државен секретар за Европа и Евроазија Вес Мичел, дека очекува помош од САД во однос на спорот со името, Бошњаковски го повтори владиниот став дека процесот за решавање на спорот за името се води под покровителство на ОН со посредство на медијаторот Метју Нимиц.
– Секое решение ќе оди преку медијаторот Нимиц. Решението ќе биде постигнато со заеднички компромис во интерес на двете страни. Тој договор што ќе го постигнеме ќе биде заемен компромис прифатлив за двете страни, достоинствено решение. Сѐ уште не сме дојдени во некоја фаза во која што се потребни гаранции за договорот – рече Бошњаковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


