| четврток, 6 декември 2018 |

„Во Македонија на македонски“, извикуваат граѓаните пред Собранието

Граѓани се собраа денеска пред македонското Собрание каде за 13 часот е закажана седницата за Законот за јазиците.

Демонстрантите се против донесување на законот и извикуваат „Во Македонија на македонски“.

ВМРО-ДПМНЕ кои со месеци не се во Собранието денеска ќе дојдат на седницата и бараат амандманска расправа.

Останува неизвесно дали амандманите ќе се разгледуваат или Законот ќе ги заобиколи.

ФОТО: Александар Ивановски РЕПУБЛИКА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top