| четврток, 6 декември 2018 |

Заев и Мицкоски на средба со Џафери, причина е Законот за употреба на јазиците

Собранието на Република Македонија денеска во 13 часот треба да го започне продолжението на 32. седница на која на дневен ред е Законот за употреба на јазиците, во трето читање.

Останува да се види дали ќе бидат отфрлени овие амандмани и директно ќе се помине на гласање. Токму поради тоа, пред неколку минути во законодавниот дом пристигнаа Зоран Заев и Христијан Мицковски, на средба со претседателот на Собранието Талат Џафери во обид да се постигне договор по ова прашање, односно гласањето да помине во демократска атмосфера. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вчера најави дека пратениците од оваа партија ќе присуствуваат на седницата.

Пред два дена премиерот Зоран Заев изјави дека оваа недела ќе биде изгласан законот. Законот за употреба на јазиците, кој беше донесен со 69 гласа, беше вратен со непотпишан указ во Собранието од страна на претседателот Ѓорге Иванов и со низа забелешки, врз основа на кои ВМРО-ДПМНЕ ги подготви над 35.000 амандмани.

Пред законодавниот дом граѓани протестираат токму против донесувањето на Законот за употреба на јазиците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top