Претседателот на Барселона Јосеп Мариа Бартомеу се изјасни против евентуално враќање на Нејмар, кој минатото лето се пресели во францускиот ПСЖ за сума од 222 милиони евра.
Бразилецот не се чувствува удобно во ПСЖ и многу е веројатно да го напушти Париз, а некои медиуми пренесоа дека Нејмар веќе изразил желба да се врати на „Камп Ноу“.
– Не сметам дека е важно да го враќаме. За нас би било уште едно понижување по целата сага, која ја преживееме минатото лето. Сепак Барселона има своето достоинство и треба да го чува, изјави Бартомеу.
Нејмар во моментов закрепнува од повредата која ја заработи за време на средбата со Марсеј. Неговото враќање на теренот се очекува во мај.
За разлика од претседателот на каталонскиот клуб, дел од фудбалерите, меѓу кои и првата ѕвезда Лионел Меси, посакуваат Нејмар да се врати во Барселона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст