Шпанската модна компанија Индитекс, сопственик на брендот „Зара“, соопшти дека вложувањата во технологијата во нивните онлајн и физички продавници ја зголемиле нето добивката за седум проценти во минатата фискална година.
Компанијата соопшти дека нето профитот во фискалната година завршена на 31 јанури достигнал 3,37 милијарди евра, во однос на 3,16 милијарди евра претходната година.
Продажбата е зголемена за девет отсто и изнесубва 25,34 милијарди евра. Од компанијата истакнуваат дека приходите од онлајн продажба се зголемени за 41 процент.
Групата, која во 1975 година ја основа Амансио Ортега, стана најголем светски малопродажен синџир на облека со осум брендови, меѓу кои се „Масимо Дути“ (Masimo Dutti) „Бершка“ (Bershka) и „Пул енд Беар“ (Pull & Bear).
Индитекс има 7.475 продавници ширум светот, што претставува раст за 183 продажни објекти во однос на претходната година, но за 29 помалку од пред три месеци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.