| четврток, 6 декември 2018 |

Владата ќе ги помага инвеститорите, а ќе го раскине договорот со „Казандол“

Државата финансиски ќе ги подржи странските, домашните како и инвеститорите од дијаспората, но сака да му ја земе концесијата на рудникот „Казандол“. Владата на денешната седница на усвојување во Собранието го пушти ново усогласениот текст на Предлог-законот за финансиска поддршка на инвестиции.

Со овој закон се уредуваат видовите, висината, условите, начинот и постапката за доделување на финансиска поддршка на инвестициите на деловните субјекти кои ќе инвестираат во Македонија. Овој закон претставува своевидна шема за поддршка согласно прописите со кои се уредува контролата на државната помош за инвестициите. Целта на законот е поттикнување на економскиот раст и развој на земјава преку поддршка на инвестициите за зголемување на конкурентноста на македонската економија и вработувањето, а мерките од законот освен странските, ги опфаќаат и дијаспората, како и домашните компании.

Владата на денешната 58 седница ја разгледа и усвои Информација за степен на изграденост на рударскиот комплекс „Казандол“ и го задолжи Министерството за економија во рок од 7 дена да изготви информација за исполнетост на условите за раскинување на Договорот за концесија за експлоатација на минерална суровина, бакар, злато и сребро, на локалитетот „ Казандол “, кој ги опфаќа општините Валандово, Богданци и Дојран, и за одземање на Дозволата за експлоатација на минерални суровини доделена на 20.7.2015 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top