Култниот бенд “Soft Machine” кој заедно со „Pink Floyd“ ја создадоа британската „underground” сцена во шеесетите години, доаѓа за првпат во Скопје на ексклузивен концерт на 14ти март (среда) во Станица 26, со почеток во 21 часот во организација на 3Гонга
Како еден од најоригиналните психоделични бендови, „Soft Machine“ ги поставија стандардите за прогресивен, експериментален и психоделичен рок и џез рок и со тоа го обезбедија своето место меѓу највлијателните британски музичари на сите времиња.
Името на бендот е инспирирано од новелата на познатиот американски писател Вилијам Бароуз. Бендот потекнува од Кентербери и во шеесетите години биле едни од централните бендови на оваа музичка сцена. Иако имаат досега постигнато огромен комерцијален успех, музичкиот он лајн водич „AllMusic“ ги опишува како еден од највлијателните бендови на андреграунд сцената.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст