Новата политичката партија „Глас за Македонија“ им се обраќа на пратениците на Македонското Собрание, по повод претстојното ставање на гласање на Законот за употреба на јазиците:
Народни избраници,
За квалитетот на Законот за јазиците е многу зборувано во јавноста, изнесени се сите аргументи за и против. Поради оценка дека е неуставен, е надвор од рамките на Охридскиот РД, дека ќе предизвика нова поделба во општетсвото, а врз база на низа забелешки на правни и лингвистички експерти, Претседателот на РМ не го потпиша Указот за стапување на сила на Законот, поради што тој се врати во Собранието на РМ на повторно разгледување/или повлекување. Напоменувам дека и покрај сево ова, не е организирана официјална јавна расправа по Законот во духот на транспарентноста во која лажно се заколнуваше оваа власт.
Наспроти сето тоа, деновиве, Претседателот на Владата на РМ, а во координација со Претседателот (избран во нелегална процедура) на Собранието, најави дека истекува едната недела дадена за дополнителни консултации, и дека ќе се игнорираат амандманите на ВМРО-ДПМНЕ (над 35.000) и објави намера – без расправа, Законот да оди на гласање, при што, двата високи државни функционери (Џафери и Заев), со сигурност најавија дека тој ќе биде изгласан.
Скандалозното натурање на мислењето на извршната власт врз законодавната, е само потврда на самоволието, антидемократското и антиуставно однесување на владината коалиција.
Во таков, непримерен и за европски стандарди незамислив амбиент, останува вам,
Пратеници во Собранието на РМ, да ви поставиме неколку прашања:
1. Зарем вие навистина ќе влезете во однапред договорено сценарио, без сопствен став, односно промислување за Законот со земање предвид на сите укажувања на стручната јавност? Зарем ништо не ви значат предупредувањата за долгорочните штети што овој закон ќе им ги нанесе на државата и на општеството- за унитарниот карактер, за целовитоста на државата, за правата на другите малцинства (етнички заедници) во Македонија?
2. Зарем заборавивте дека, пред да ја преземете должноста што на парламентарните избори ја добивте со гласовите од граѓаните, се заколнавте дека ќе го штитите Уставот на РМ, дека ќе работите за интересите на граѓаните и дека ќе се водите од својата совест?
3. Како можете да го игнорирате фактот дека за државата Република Македонија, се дадени пред сѐогромни човечки жртви, потоа материјални вредности стекнувани со макотрпен труд низ децении и векови, а освен тоа, уништени се животни судбини и перспективи на генерации население – Македонци и други народи во нашата земја?
4. Ако имате совест и елементарно чувство за одговорност преземена во моментот кога сте стапнале во Собранието како пратеници, како се чувствувате кога ги сретнувате гласачите, или избегнувате соочување со нив? Што ви говори совеста пред да кренете рака и со леснотија го дадете својот глас по диктат на вашите лидери, а не по силата на аргументите и совеста?
5. Ако не мислите на гласачите, мислите ли во каква држава ќе се разбудите по извесно време, а како резултат и последица на вашето однесување во Собранието при носење на клучни одлуки? Размислувате ли за тоа – каква држава и општество ќе им оставите на вашите потомци? Или веќе имате решение Б, трасирано на грбот на граѓаните и на привилегиите што сте си ги дале како пратеници, без да помислите на одговорностите, заради кои народот гласал за вас!?
6. Дали знаете дека, како резултат и последицана вашиот досегашен учинок во Собранието на РМ, голем дел од народот е незадоволен, револтиран и дека досега се потпишани над 20.000 изјави, со кои тие го повлекуваат/отповикуваат правото да зборувате и одлучувате во нивно име во нашиот законодавен дом? Помислувате ли дека ова води кон консеквенци по вашиот политички статус, просто кажано – ваше збришување на следните општи избори, кои ќе се случат побрзо од регуларниот рок?
7. Пратеници, имате уште броени денови, можеби часови, да останете сами – со својата совест и со аргументите – и да решите, дали ви е поважен налогот на партискиот лидер (кој патем, го прекрши условот под кој го доби мандатот, за што и Претседателот на државата недопустливо молчи) или честа на народен избраник, личното и достоинството на пратеник и одговорноста за вашите постапки пред иднината на државата Република Македонија и на нашите потомства.
Веруваме дека овие прашања ви ги поставуваат и мнозина други, партиски неопределени граѓани и дека Партијата „Глас за Македонија“ е вистински Гласноговорник на загрижени граѓани, патриоти во државава, но се’ поочигледно, и на илјадниците Македонци по род, државјанство или потекло, кои живеат низ светот.
Глас за Македонија
Претседател,
Солза Грчева
Скопје, 13.03.2018
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст