| четврток, 6 декември 2018 |

Уставниот суд им ги намали платите на Шеќеринска, Османи, Спасовски и Анѓушев

Уставниот суд донесе одлука за укинување на членот 14 во делот „потпретседатели на Влада“ од Законот за плата и надоместоци, со што се определува коефициент за плата на потпретседател на Владата, што е јавна функција која не постои во правниот поредок на Република Македонија.

Ваквата одлука на Уставниот суд следува по иницијативата на политичката партија Левица. Ова значи дека на актуелните вицепремиери Кочо Анѓушев, Радмила Шеќеринска, Оливер Спасовски, Бујар Османи и Хазби Лика, платите ќе им бидат намалени.

– Правниот тим на Левица со усвоената иницијатива од страна на Уставниот суд на РМ, успеа да го укине коефициентот за плати на непостоечката функција вицепремиер. Со ова, петмината „потпретседатели на Влада“, Кочо Анѓушев, Радмила Шеќеринска, Оливер Спасовски, Бујар Османи и Хазби Лика остануваат со помали плати во иднина, напиша Димитар Апасиев од Левица на Фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top