| четврток, 6 декември 2018 |

Познатиот филм на Скорсезе бил финансиран со „валкани пари“?

Продуцентите на филмот „Волкот од Вол Стрит“ со холивудската ѕвезда Леонардо ди Каприо ќе мора на властите на САД да им платат 60 милиони долари поради обвиненија дека филмот е финансиран со украдени пари.

Наведените средства се дел од невојатната сума пари уплатени на сметка на соработниците на малезијскиот премиер, кој, според пишувањата на британскиот весник „Гардијан“ се платени од инвестициски фонд на Малезија.

Соосновачот на продуцентската куќа, која го финансирала филмот заедно со Ди Каприо, кој го толкуваше ликот на Џордан Белфорт е посинок на малезискиот премиер Наџиба Разака, вплеткан во криминални работи.

За оваа продуцентска куќа никој ништо не знаеше се додека тие не унвестираа 100 милиони долари во филмскиот хит на Скорсезе.

Продуцентската куќа негира дека постоеле неправилности во работата, но и покрај тоа, нејзините челници одлучиле да платат 60 милиони долари во наредните 12 месеци.

Американските власти имаат намера детално да го испитаат овој случај, бидејќи има збирна сума на нерешени долгови во вкупна вредност од 1,7 милијарди долари.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top