Најавата на министерот за здравство Венко Филипче, дека се планира нов Клинички центар да се гради во непосредна близина специјалната болница Бардовци, предизвика вознемиреност кај археолозите кои велат дека градежните активности можат да уништат зачајни археолошки наоди во древниот локалитет Скупи кој е во непосредна близина, пишува Вечер.
Покрај новиот Клинички центар, на локацијата во Злокуќани се планирани да се гради цел Медицински град, каде ќе биде вклучен и медицински факултет, истражувачки центар и кампус за сместување на студенти по медицина. На оваа тема се произнесе на својот фејсбук профил археологот Василка Димитровска која укажа дека Скупи е во непосредна близина, се протега на 44 хектари икако најголем град од римскиот период на Балканот може да биде загрозен од градежните активности.
– Убаво е тоа што ќе се гради нов Клинички центар во Злокуќани. Но што ќе правиме со Скупи кој се протега на 44 хектари токму таму и бил еден од најголемите градови на Балканот во римскиот период, а она што е ископано е само 3-5% од некогашата колонија? Дали Владата на РМ е свесна дека градењето на овој клинички центар ќе мора да се оддолжи за 5 до 10 години заради археолошки ископувања чии ресурси во спротивно ќе бидат засекогаш загубени? Би рекла една исклучително непресметана и катастрофална одлука со која се прави огромна штета на светско културно наследство како Скупи. Би сакала да ги знам имињата на архитектите кои го дале овој предлог и се надевам колеги дека нема да ги пикнете главите како ној во песок ако треба да го кажеме своето експертско мислење за случајов. Ама познавајќи ве, подобро да си пукнете и ич да не коментирате, оти од такви колеги ко вас шо ќутат и мутат ни пропадна археологијата во државава, предупредува археологот Димитровска во својата објава на “Фејсбук”.
Министерот за здравство веќе информираше дека дел од земјиштето во Бардовци каде ќе се гради новиот клинички е државно, а дел е приватно. Но како што дополни градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев, тоа нема да биде пречка, бидејќи според генералниот урбанистички план донесен во 2010 година, кој важи до 2020, оваа област е наменета да биде здравствена зона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст