Започнувајќи од денеска, во наредните неколку недели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски тргнува во интензивни теренски посети низ градовите и селата на средби со граѓани.
Од партијата велат дека салонската политика не е одлика на ВМРО-ДПМНЕ и дека главната намера е да се комуницира со граѓаните кои се соочуваат со секојдневни проблеми. Од таму велат и дека Македонија стагнира и тоне во секоја област.
– Граѓаните имаат се повеќе проблеми и се препуштени самите на себе. Таквата коцкарска политика ја втурна државата за најкорумпирана земја во Европа, на дното по економскиот раст, без изгледи тоа да се подобри, граѓаните имаат изневерени очекувања од владата, која е удобна во своите кабинети и не го слуша гласот на народот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски најпрво ќе го посети струмичкиот регион. Тој денес ќе има средба со младите во Струмица, па потоа ќе го посети Конче, па Вељуса, а на крајот од денот ќе одржи и состанок со општинскиот комитет на партијата во Струмица.
Во наредните неколку денови тој ќе ги посети и околните населени места и градови.
Од партијата велат дека секојдневната комуникација со граѓаните ќе стане траен белег на партијата, а не излоран принцип на работа. Освен Мицкоски на терен ќе бидат и останатите членови на Извршниот комитет и тоа се планира да биде константен начин на работа.
– Заедно со граѓаните ќе креираме политики и тоа е најдобриот начин да се дојде до решенија за многу од проблемите, имаме стручни луѓе, експерти и кадар кој тоа ќе го преточат во прецизна програма која ќе биде понудена на граѓаните, додаваат од партијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мицкоски: Ах, Устав ли е, принцип ли е, Вице ли е?
-
Мицкоски: Заев се фалеше дека странските инвестиции ќе растат, НБРМ констатира минусно салдо и одлив на инвестиции
-
На претседателските избори ќе го поразиме СДСМ, порача Мицкоски од Гостивар
-
Мицкоски нема да му одговори на Мијалков, тоа се внатрепартиски работи