Киднапирањето на Стефан, синот на Брена и Боба Живоиновиќ, се уште е тема за која често се полемизира. Пејачката и некогашниот тениски ас таа 2000 година, пет дена не знаеле дали синот им е жив, а ни 18 години подоцна не знаат кој го киднапирал. Тој 23 ноември, тогаш осумгодишниот Стефан бил втурнат во автомобил пред неговата куќа на Бежанска коса и однесен во непознат правец.
Сопственичката на Гранд не сака да зборува за овој немил настан, но во емисијата Прес Претрес, открила дека киднаперите барале пари дури и за лешот на Стефан.
-Мене детето ми беше киднапирано 2000 година. Од тогаш за мене веќе ништо материјално нема никакво значење. Она што можеш да го купиш со пари и не е толку важно. На нас ни бараа 2.5 милиони марки за жив и 5 милиони марки за мртов Стефан.
-За што јас сега повеќе да зборувам. Сите киднапирања се разоткриени, само не е откриено кој му го направи тоа на моето дете. Јас сум жена која веќе од ништо не се плаши. Секако дека имам обезбедување, но тоа се професионалци кои не се гледаат, а кои точно знаат што треба да прават – објаснила пејачката.
По заканите добиени од грабнувачите, Живоиновиќ не губеле време, туку собрале пари и Стефан го вратиле жив дома.
Постоеле сомневања дека припадниците на земунскиот клан биле вмешани во киднапирањето на синот на Брена, но тоа никогаш не е докажано.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.