| четврток, 6 декември 2018 |

Доживотен затвор за македонскиот државјанин кој закла италијанска брачна двојка

alili

Македонскиот државјанин Абдул Алили е осуден на доживотен затвор без право на помилување за убиството и грабежот на брачната двојка Паоло Маркони и Ада Черкети, кои ги изврши во септември минатата година во гратчето Монталупоне во Италија.

Судот во Масерата донесе одлука на Алили да му биде одземено родителското право брз неговите три деца, а исклучен е и престојот во самица бидејќи во спротивно Алили би имал право да бара ослободување откако ќе одлежи две третини од казната.

Судот одлучи Алили да им плати 500.000 евра отштета на двете ќерки на Маркони и Черкети, додека на нивните внуци треба да им исплати дополнителни 180.000 евра. Казната е симболична бидејќи осуденикот нема ниту толку пари ниту имот. Алили лани во септември, под дејство на дрога, применил брутална сила врз постарата двојка, ги заклал и украл две парчиња златен накит кои го збогатиле за 2.000 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top