| четврток, 6 декември 2018 |

Утрото сончево, но не за долго

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. Во крајните западни и источни делови значително облачно со локален дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец.

Утринската температура ќе се движи од три до девет степени, а дневната температура од пет до 19 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец. Утринската температура ќе достигне до пет, а дневната температура до 16 степени.

Во среда и четврток во поголем дел од земјава ќе се задржи суво време. Нови врнежи од дожд се очекуваат во петок, а особено за време на викендот, кога ќе биде и нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top