На 15 март 2018 година, со почеток во 19:00 часот, во спомен собата на Анте Поповски во Домот на културата во Ѓорче Петров, ќе се одржи првото официјално доделување на наградите „Антево слово“ кои се дел од меѓународната поетска манифестација „Анџело Ла Векија“ („Il Parnaso – Concorso di Poesia – Premio Angelo La Vecchia“) за најдобра поетска творба во чест на великанот на македонската поезија Анте Поповски – „Антево слово“.
Ова е прва година наградата „Антево слово“ да биде конституирана како дел од оваа меѓународна манифестација која се одржува секоја година во градот Каникати во Сицилија, Италија, а воедно и прва од ваков вид која се доделува за македонски автор надвор од нашата држава.
Првата награда ја доби еминентниот македонски автор Томислав Османли, втората награда ја доби Александра Димитрова, а трета награда ја доби Салваторе Амбросино од Италија. Како дел од оваа поетска манифестација е и интернационалната награда која оваа година за прв пат ја добија Михајло Свидерски и Долорес Атанасова – Лори.
Претсавниците на манифестацијата велат дека конкурсот за поезија „Парнас – награда на Анџело Ла Векија“ е создаден со цел да се прослави и овековечи, преку „Возвишена поезија“, духот, душата, суштината и есенцијата на животот во Каникатската секуларна академија на Парнас. Најмногу пријавени поети има од Италија, но меѓу учесниците има поети од цела Европа, Балканот и пошироко.
„Во апстрактниот простор – време што се приближува неверојатно до сите луѓе без најмала разлика не само на пол, вера, националност, возраст, но, исто така и во своето постоење и непостоење, поезијата успева да биде ’медиум’ во ’континуитет’ помеѓу земјата и небото, помеѓу телото и душата, меѓу прагматизмот и утопијата. Целта на овој конкурс е да се шири културата на чувства, емоции, страсти, знаење во текот на целиот живот и реализирање на ’експресивната слобода’ која е од суштинско значење и привилегија за секој современ општествено ангажиран човек“, изјави Митко Гогов од Здружението за развој на култура и заштита на културното наследство „Контекст – Струмица“, кој во соработка со семејството на Анте Поповски и меѓународната поетска манифестација „Анџело Ла Векија“ ја востанови оваа награда.
„На ова издание на манифестацијата учествуваа околу 300 поети од целиот свет, а освен носечката награда „Ил парнасо – Анџело ла Векија“ и онаа посветена на рускиот поет Расул Гамзатов со покровителство на Министерството за култура на Дагестан и управуван од страна на поетесата Марина Акмедова, меѓународниот дел беше проширен и посветен на големиот македонски поет Анте Поповски; Овој дел го координира поетот Митко Гогов и се реализира во соработка со семејството на поетот Поповски.“ – вели организаторот на меѓународната манифестацијата „Парнас – награда на Анџело Ла Векија“, Геро Ла Векија.
Сите учесници имаа можност да влезат во конкуренција за двете награди, носечката награда „Анџело Ла Векија“, награда која е именувана по проф. Анџело Ла Векија (Angelo La Vecchia), познат во Сицилија и на територијата на Италија со неговата работа како поет, драмски писател, историчар и професор и наградата „Антево слово“ која се доделува во чест на Анте Поповски, познатиот македонски поет, есеист, препејувач и публицист.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст