На рочишитето за случајот „Тенк“ за набавка на службеното возило „мерцедес“, што се одржа денеска во Кривичниот суд во Скопје, сведочеше сведокот Киро Тодоровски, кој беше предложен од СЈО, а кој своевремено бил член на комисијата за евалуација и избор.
Во сведочењето Тодоровски рече дека возилото било набавено за потребите на Министерството за внатрешни работи, а прв со него се обезбедувал и се превезувал генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун. По него во службениот „мерцедес“ на МВР се превезувал емирот од Катар, кој беше во посета на Македонија. Возилото го користеле и челниците на Европската унија, но и други високи гости кои ја посетиле нашата држава.
Тодоровски посочи дека возилата кои се користеле претходно често се расипувале и ги оставале гостите на траса, па морало да се чека да пристигне исто или слично возило од Скопје, доколку има такво возило на располагање во моментот, или да продолжат со возило кое не ги исполнува безбедносните стандарди. Возилата кои се користеле претходни за истата намена, не ги исполнувале безбедносните стандарди за целосна заштита.
-Постоеше неопходност за набавка на вакво возило, посочи Тодоровски во сведочењето. Тој рече дека никој од обвинетите не му сугерирал каков избор да направи.
-Никој не ми сугерираше каков избор да направам како член на Комисијата за аваулација и избор. Сте возила за обезбедување што се користеа дотогаш беа од марката „мерцедес“, во црна боја, варијации на класата Ѕ, образложи Тодоровски.
Сведокот на СЈО рече дека постапката за набавка на возилото била законска.
– Лично сметам дека запазени се сите постапки процедури и критериуми за време на јавната набавка на возилото „мерцедес Ѕ 600“. Беше отворена единствената понуда која ги содржеше сите неопходни елементи, изготвен записник со предлог за набавка, кажа сведокот.
Претходно, на одбраната не ѝ беше дозволено вкрстено испрашување. Судијката Добрила Кацарска ја минираше одбраната и ги усвои сите приговори на ЈО, така што, одбраната немаше можност да добие каков било одговор од сведокот. Возилото „мерцедес“ продолжи да се користи за високи гости и од страна на Владата на Заев.
Според наши непотврдени информации „мерцедесот“ се користи секојдневно со други таблички.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст