Синдикалната организација на рудникот „Саса“, која е членка на Синдикатот МЕСО, најави штрајк во среда барајќи зголемување на платите до 20 проценти од нето добивката на рудникот, подобрување на условите за работа, регулирање на стажот и работното време.
Штрајкот ќе почне пред управната зграда во 7 часот, а покрај него најавен е и протест којшто ќе почне еден час порано од автобуската станица на патот кој води кон рудникот.
– Повикани беа работодавачите на 5 март, 8 март и денеска да дојдат да преговараме, но, за жал очигледно тие не сакаат социјален дијалог и социјална спогодба за решавање на правата на работниците, изјави денеска Драги Јовановски, претседател на синдикатот МЕСО.
Одлуката за штрајк, како што изјави Јовановски, е потврдена и од страна на Собранието на рударската синдикална организација на кое учествувале над 280 рудари.
Според Јовановски, во синдикалната организација на Саса членуваат околу 380 членови и тие се мнозински синдикат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст