Град Скопје размислува наместо забрана за автомобили да почне да наплаќа паркинг на Средно Водно. Информацијата за Слободен Печат ја открил еден од сопствениците на локалите на овој дел од планината кои викендов протестираа незадоволни од одлуката да се забрани сообраќај на Средно Водно, бидејќи тоа практично им го уништува бизнисот.
– Нè известија дека размислуваат да ја укинат забраната за движење со автомобили на Средно Водно и дека ќе наплаќаат паркирање на постоечките паркиралишта, со цел да се одвикнат луѓето масовно да доаѓаат на Водно. Не сум баш сигурен како ќе го направат тоа затоа што колку што ми е познато, Градот нема надлежност над овие паркиралишта, вели Арсовски за весникот.
Од Град Скопје кратко изјавиле дека за проблемите на сопствениците на угостителски објекти на Средно Водно се бара решение без да се прецизира дали паркинг наплатата е едно од нив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст