Изминативе два дена украдени се две возила на територијата на Скопје. Во периодот од 19 часот на 11.03.2018 година до 8 часот на 12.03.2018 година, од дворно место на улица „Ибе Паликуќа“ во Скопје, сопственост на Д.М. (60), непознат сторител го одзел неговото патничко моторно возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки. Сторителот влегол во дворот преку незаклучената порта, а потоа и во возилото, го стартувал со клучевите кои биле оставени на бравата, по што заминал во непознат правец. На тој начин сторителот се стекнал со противправна имотна корист од околу 180.000 денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и сторителот и за целосно расчистување на случајот.
Исто така на 10.03.2018 година во 23.30 часот, С.Н.(44) од село Брњарци, скопско, пријави дека истиот ден околу 19.30 часот во село Брњарци, непознат сторител го одзел неговото патничко моторно возило „Опел Астра“ со скопски регистарски ознаки. Сторителот искористил згодна прилика, влегол во возилото, го стартувал со клучот кој бил на бравата и заминал во непознат правец. На тој начин сторителот се стекнал со противправна имотна корист од 50.000 денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и сторителот и за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст