Прекин на фудбалскиот шампионат во Грција е одлуката која ја донесоа премиерот на земјата Алекси Ципрас, заедно со заменик министерот на спорт, Јордос Василаидис. Засега нема одлука, кога и како ќе продолжи фудбалското првенство. За ова решение се известени и челниците во УЕФА и ФИФА.
Ваквиот непопуларен потег доаѓа по синоќешниот скандал на дербито ПАОК – АЕК, кое не се доигра. Домаќините дадоа гол во 90 минута, а судијата реши да го поништи поради офсајд. Тогаш на теренот влета газдата на ПАОК и тоа со пиштол на ременот, сакајќи да го „реши проблемот“ со судијата.
Арбитарот го прекина мечот, а подоцна во извештајот призна дека погрешил за погодокот и го признал, но додава дека газдата на ПАОК се заканувал и носел огнено оружје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст