Новинарите денеска излегоа на протест пред владата за поддршка на претседателот на Здружението на новинари, Насер Селмани откако претходно Беќир Асани го нарече „копиле“.
Со транспаренти во рацете „И јас сум копиле“ новинарите побараа одговорност.
Тамара Чаусидис, претседателка на Синдикатот на новинари бара од Основното јавно обвинителство да постапуваат по службена должност.
-Она што му се случува на Селмани се однесува на сите нас. Од институциите да си ја вршат работата. Ни требаат дела, а не соопштенија за солидарност.
– Се спроведуваат цензури во телевизиите. Новинарите се влечат по судови. Сакам да испратам неколку пораки. Најпрвин до владата на која и плаќаме даноци. Не прифаќаме објаснување дека во владата има добри и лоши дечки. Значи, не прифаќаме две влади. Оваа влада мора да ги замолчи насилниците, во спротивно ќе станат дел од таа приказна. Втората порака е до македонските граѓани. Ако сега бидеме замолчени, да знаете дека вие сте на ред. Бидете будни. Еден режим што испративме, нема да дозволиме да се воспостави нов. Утре ќе биде многу доцна – истакна Селмани, истакна на протестот Насер Селмани кој Бекир Асани го нарече „копиле“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст