| четврток, 6 декември 2018 |

Лажно киднапирање, возење од левата страна – кралските подготовки на Меган Маркл

Периодов Меган Маркл минува низ интензивни обуки пред официјално да стане член на кралското семејство во мај. Меган Маркл мина низ дводневна обука со британската елитна единица за безбедност, како дел од подготовките за станување на член на кралското семејство. Заедно со нејзиниот иден сопруг, принцот Хари, поранешната актерка беше „киднапирана“ и третирана како заложник на терористи.

-Иако, киднапирањето беше исценирано, сепак звукот на оружјето и целата таа заложничка драма, сигурно беа застрашувачки за Меган, изјавил еден од припадниците на SAS единицата. За 36-годишната Меган периодов нема одмор, па била посветена и на учење како да вози од левата страна во Велика Британија. Ова, исто така, е дел од програмата за безбедност.

vecer.press

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top