Се проценува дека околу 49,500 луѓе не можат да се вратат назад на подрачјето во близина на Фукушима, но активистите и жителите тврдат дека таа бројка е многу поголема.
Јапонија одбележува седум години од силниот земјотрес и цунамито кои што го погодија североистокот од земјата – природна катастрофа која што резултираше со уште поголема – нуклеарна катастрофа во електраната Фукушима, втора најголема после онаа во украински Чернобил во 1986-та година.
Комемораци се одржаа во главниот град Токио, како и на североистокот на Јапонија за околу 18,500-те загинати јапонски граѓани, откако на 11-ти март 2011-та година разорен земјотрес со јачина од 9 степени по Рихтер предизвика огромно цунами.
Царот Акихито и царицата Мичико присуствуваа на комеморацијата во Токио заедно со јапонскиот премиер Шинзо Абе и членови на семејствата на жртвите и преживеаните во една од најголемите катастрофи во историјата на Јапонија.
Посебно критично беше во нуклеарната електрана Фукушима, со оглед на тоа што земјотресот и цунамито предизвикаа оштетување на еден од реакторите и испуштање на радијација во околината. Поради таа катастрофа, илјадници Јапонци беа принудени да ги напуштат своите домови.
Минатата година јапонската влада ја укина наредбата за евакуација за многу населени места во погодениот регион, објавувајќи дека деконтаминацијата е завршена. Сепак, најголемиот дел од жителите се уште се немаат вратено во своите домови, посебно не мајките со децата, затоа што многумина тврдат дека операциите за чистење не биле ефикасни.
После големата нуклеарна катастрофа, Јапонија ги затвори речиси сите нуклеарни електрани, односно од вкупно 42 реактори ширум земјата, моментално само три се во функција.
Катастрофата во Фукушима на Меѓународната скала за мерење на нуклеарни инциденти ја доби оцената 7. После катастрофата во Чернобил, катастрофата во Фукушима е најголемата кога станува збор за употреба на нуклеарната енергија во „мирни“ времиња.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст