| четврток, 6 декември 2018 |

Мицкоски со предлог до Заев: Поддршка за Владата од ВМРО-ДПМНЕ ако се откаже од Законот за јазици

Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Моцкоски во интрервју за Сител запрашан за Законот за јазици изјави дека партијата јасно и недвосмислено го кажа својот став и пред Лидерот на ДУИ Али Ахмети и пред лидерот на СДСМ Зоран Заев потенцирајки дека нема никаква промена. Мицкоски вели дека постојат два начини да се надмине овој проблем:

Првиот начин е да се формираат работни групи, да се разгледа како може тој закон да се направи уставен и применлив.

Вториот начин е ако решат насила со дивијантно однесување да ги срушат сите процедури во Собранието, да одат спротивно на деловникот, законите и уставот и на насилен начин да извршат терор врз демократијата и да го протнат законот незаконски, тогаш имам две работи да му порачам на господинот Зоран Заев, вели во интервјуто Мицкоски.

-Ако чесно и добро и мисли на Р. Македонија и ако навистина се декларира како реформски политичар, тогаш да продолжиме со процесот на реформи, бидејки тие се вистинскиот приоритет за развојот на Р. Македонија. Ако Зоран Заев има концесија, еве ние како политичка партија како ВМРО – ДПМНЕ и ако е уценет дека преку таа концесија ќе му се распадне владата и ако има договор за да остане владата, еве ние како ВМРО – ДПМНЕ му се нудиме со нашите парламетарни пратеници да ја поддржиме неговата Влада во сите овие реформски процеси, под еден услов да го тргне Законот за јазици од собраниската процедура, истакна лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top