| четврток, 6 декември 2018 |

Внукот на Елизабет Харли избоден со нож среде улица, се бори за живот!

Славната актерка Елизабет Харли (53) преживува вистинска драма откако дознала дека нејзиниот внук е нападнат среде улица. Се се одиграло пред два дена, околу 20 часот во Лондон кога маж го нападнал внукот на актерката.
Елизабет веднаш од Америка допатувала во Велика Британија кога слушнала дека синот на нејзината постара сестра Кејт Куран (54), манекенот Мајлс Харли (21), е во многу лоша здравствена состојба и дека се бори за живот. Нејзиниот внук Брзата помош итно го пренела во лондонската болница откако непознат маж, кој бил со друштвото, го избодел со ножот среде улица по кратка расправија.

– Семејството е во шок. Им благодарам на сите на пораките со поддршка. Полицајците и лекарите се прекррасни, им благодарам на помошта – рекла актерката.

Несреќата се случила во југозападниот лондонски кварт Најн Елмс. Мајлс се шетал со 21-годишен пријател кога наишла група мажи со автомобил кој запрел покрај нив. Се расправале, а потоа непознатиот маж извадил нож и манекенот го избодел неколку пати. Некои од групата мажи со нож го нападнале и неговиот пријател кој, исто така, се здобил со повреди.

– Семејството се плаши од она најлошото. Сепак, изгледа дека ножот не дошол до виталните органи. Ни преостанува стрпливо да чекаме и да се молиме за него – рекол извор близок на семејството.

Актерката Елизабет со внукот е многу блиска и поради сето тоа е во голем шок. Во Америка овие денови ја промовирала серијата „Кралското семејство“. Нејзиниот син Демјан Харли (15) и Мајлс, исто така, се неразделни.

Мајлс снимал модни кампањи за дизајнери како Роберт Кавали, „Долче и Габана“ и Келвин Клајн, а со мода се занимава од 13-та година. Кариерата му тргнала на добро кога наместо мајчиното презиме го земал она славното на својата тетка Харли.

– Се гордеам со својот згоден внук кој е успешен модел – рекла актерката своевремено. Тој ја пофалил велејќи дека му дала совет „секогаш да биде насмеан, добар кон сите и напорно да работи“.

– Елизабет ја следи неговата кариера, оди со него на кастинзи, им сугерира на фотографите како да го фотографираат – рекол извор близок на актерката.

Лондонската полиција јавува дека напаѓачите се уште не се пронајдени и приведени. Исто така, ги замолува сите граѓани на Лондон да им дојават информации доколку се затекнале во близина на несреќата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top