| четврток, 6 декември 2018 |

Исечени дрвата на патот кој води до комплексот државни вили Горица (видео)

Исечен е целиот дрворед на патеката која води од Булевар Свети Климент Охридски ( попознат како автопат кај Рача ) до комплексот државни вили, меѓу кои е и летната резиденција на Претседателот на Македонија, вилата која ја користи Владата и вилата на МВР.

Расфрлани трупци од повеќе децении старите јавори, борови и чинари стојат растурени на земјата, а некои од дрвата се вадени со се корените.

Кој дал дозвола и дали воопшто Комисијата која издава дозволи за сечење дрва при Општина Охрид заседавала ќе се знае од понеделник.

Оваа општинска комисија се прослави по тоа што даваше дозволи за сечење на целосно здрави дрва на плоштад во Охрид, а јавноста во градот тогаш почна да изразува сомнежи дека членовите на комисијата се потплатени од некој бизнисмен да даваат такви дозволи со кои дрвата се сечеа законски, но во 6 часот наутро бидејќи дозволите на оваа комисија беа засновани на лажни тврдења дека дрвата се оштетени, а на фотографиите се гледа дека се целосно здрави.

Полицијата до сега не ја истражи работата на членовите на оваа комисија при општина Охрид.

извор: Охрид 1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top