| четврток, 6 декември 2018 |

Девојки од Албанија и Косово приведени во Слупчане, МВР објави фотографија

СВР Куманово во координација со крим полиција при МВР, Државен пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи, ноќеска после полноќ изврши акциска контрола во угостителски објект во село Слупчане, поради сомнение дека во објектот престојуваат странски државјани кои работат во локалот и дека во истиот се вршат незаконски дејствија.

Во угостителскиот објект затекнати се девет женски лица, од кои три од Република Македонија и шест девојки од Албанија и Косово, кои се приведени и известен е јавен обвинител, информира МВР.

Државен пазарен инспекторат констатирал дека наведениот објект работел без дозвола за работа, а УЈП дека во локалот не се издаваат фискални сметки, при што се пронајдени 33.950 денари, 90 евра и 100 српски динари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top