| четврток, 6 декември 2018 |

Како се девалвираше МВР: Скандалите на Оливер Спасовски

Јавноста е сведок на секојдневни скандали поврзани со Министерството за внатрешни работи и министерот Оливер Спасовски. Безбедносната состојба во државата евидентно е влошена, стапката на криминал расте, нерасчистените случаи ги наполнија фиоките на инспекторите. За убиства, киднапирања, кражби и банки со испразнети сефови слушаме и читаме речиси секој ден на медиумите во делот на црната хроника. Полициските билтени никогаш до сега не давале толку темна безбедносна слика за Македонија.

Како се девалвираше МВР

Спасовски ја започна својата кариера со креирање на хаос во министерството и целосна депрофесионализација. Тој влезе во МВР како привремен министер во ноември 2015 година до мај 2016 година, и потоа од септември 2016 година до крајот на декември 2016 година. Ова беше дел Пржинскиот договор.

На 31 мај минатата година беше избран за министер за внатрешни работи. Првата одлука на тогаш новиот министерт за внатрешни работи беше одземање на сите овластување на раководните лица во МВР, со тоа Спасовски ги донесе во прашање функциите на државата.

Откако Оливер Спасовски стана министер за внатрешни работи, Македонија се претвори во Див Запад

Професионалноста е најголемата вредност која може да ја има еден вработен во МВР. Со партиските чистки кои ги спроведе министерот Спасовски, нивото на професионалност во министерството доби критичен удар токму поради партизацијата на службата која ја спроведе министерот. Вработените, колеги во МВР, Спасовски ги доведе до ситуација да не можат очи во очи да се погледнат поради нивната партиски определба.

Спасовски продолжи со партизацијата во МВР: Разрешени високи полициски функционери

Хаосот кој го креираше Оливер Спасовски доведе и до пресметка помеѓу колеги во МВР кои на пред новогодишна прослава решија да ги расчистат сметките со огнено оружје. Овој настан беше сокриен во јавноста, но го потврдија извори во Министерството. Со смената на долгогодишни началници, раководители со далеку од професионален партиски кадар го намали степенот на спремност на полицијата да се справи со предизвиците.

Скандали поврзани со МВР

Првиот поголем инцидент во кој беа вклучени припадници на МВР беше минатата година во август кога полицаец пукаше во две малолетни деца во Струмица. Тогаш МВР констатира дека полицаецот во Струмица неосновано, неоправдано и неправилно употребил огнено оружје. И покрај заклучокот на Одделот за внатрешна контрола во МВР нема одговорност за настанот. Спасовски во овој случај го заштити полицискиот службеник кој за малку ќе одземеше животот на двајца малолетници, но не ја заштити полицајката која си ја вршеше својата службена должност.

Полицаецот кој пукаше во малолетниците ќе одговара за „обид за убиство“

Полицајката Јасмина Јаначковска беше спречена во вршење на својата должност и физички нападната од страна на висок функционер на ДУИ, Бекир Асани. Асани физички ја нападнал полицајката која сакала со возило пајак да му го отстрани неправилно паркираното возило. Токму поради тоа таа била пренесена на клиника. Наредниот ден таа беше повикана кај министерот Спасовски по што ја промени изјавата и рече дека била само вербално нападната од Асани, а случајно се повредила и сама се удрила во возилото пајак. Од настанот постојат и видео снимки, но поради непознати причини не се објавуваат во јавноста.

ВМРО-ДПМНЕ: Ако немало никаков напад, зошто Спасовски и директорот на БЈБ се сретнаа со полицајката?

Последен скандал поврзан со Спасовски и МВР е поврзан со злоупотреба на службената должност на близок соработник на Спасовски кој на дело бил фатен како прима поткуп. Тој е висок функционер во МВР и советник на Спасовски партиски кадар лично избран од министерот на позицијата.

За кого земал поткуп соработникот на Спасовски?

Предизборна соработка со криминалните структури

Застрашувачки е степенот на соработка на криминалното подземје и раководните структури во МВР. ВМРО-ДПМНЕ континуирано во предизборието за време на локалните како и предвремените парламентарни избори предупредуваше за коалиција на СДСМ со криминалните структури во државата.

Ексклузивно: Заев на тајна средба со албанското подземје, бара заштита за спроведување на тиранската платформа (ВИДЕО)

Да се потсетиме на еден од најблиските соработници на Зоран Заев, Зекир Бекири викан Чауш, човек со дебело криминално досие, а последната пресуда ја има токму за фалсификување на документи пред парламентарните избори на 11 декември. Ова не е изолиран случај, Заев се фотографираше и со луѓе од подземјето поврзани со нелегална трговија на дрога, брат на првиот човек на општинската организација на СДСМ во Арачиново.

Во сопствена немоќ и раскол, Заев и Спасовски го активираат криминалното подземје на СДСМ

Имено во прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ беа посочени и Харун Хаџибулиќ и Даниел и Дејан Трајковски, познати како близнаците од Ѓорче сите лица од криминалното подземје кои соработуваат со СДСМ.

Заев го спрема и подготвува криминалното подземје за 11 декември: За само 24 часа Заев на средби со плејада криминалци

Цената за исплата на долговите на СДСМ кон подземјето набрзо ја платија граѓаните со голем број на нерасчистени кривични дела од страна на МВР. Набрзо стигна и амнестијата на околу две илјади осуденици меѓу кои и голем дел од нив обвинети за тешки кривични дела, за жал голем дел од нив уште во првата недела ги повторија своите кривични дела.

Терористите од „Диво насеље“ по посетата на Заев на Идризово добија мобилни: Деме Шеху почна да пишува за „животот“ на Фејсбук!

Нерасчистени убиства

Во Македонија во изминативе девет месеци влада на СДСМ и министер за внатрешни работи од редовите на СДСМ се случија низа на нерасчистени убиства. Односно во овој период се случија повеќе од седум потврдени убиства. Се започна во Струга каде среде бел ден беше убиен Дилавер Бојку на плажата Аква Блу. Од полицијата тогаш изјавија дека трагаат по строрителите, оттогаш поминаа седум месеци.

Бојку бил убиен пред очите на син му и на многубројните капачи на плажата!

По овој настан се случи и убиството на младиот фудбалер Мартин Јанушев, случај за кој на полицијата наводно и беа познати сторителите, но сеуште не се наоѓаат зад решетки.

Конечно после 5 дена се јави МВР и Спасовски:Убиец на Мартин Јанушев е едно лице, сослушани се 35 сведоци!

Се случи и убиството во Чаир на автобуска станица пред средно училиште каде почина 24-годишно момче. Момчето беше убиено со автоматско оружје, а и тогаш од МВР само објавија дека се на терен и работат на расчистување на случајот.

Убиство во Чаир

Рибата смрди од главата

Рибата смрди од главата, а сите проблеми во МВР се предизвикани токму од Спасовски и неговата политика за поставувањето на партиски кадар, а не професионалци на раководни функции во министерството. Министерството е пред целосен колапс, а безбедноста на граѓаните значително намалена. Во јавноста се шпекулира за оставка на министерот за внатрешни работи Спасовски, која ќе биде или последица на лошите резултати или на внатрепартиска борба.

Поткупов е ситна работа, почнаа да се колат Рада и Оливер: Граѓаните не се изненадени што криминалот доаѓа од врвот на полицијата

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top